петок, 26 јули 2024

Амнести: Бројот на егзекуции поради смртна казна највисоки од 2015 година

Употребата на смртната казна достигна највисоко ниво во светот од 2015 година, соопшти денеска организацијата за човекови права Амнести интернешнл.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку 1.153 луѓе биле егзекутирани во 2023 година во 16 земји, се вели во соопштението за печатот на Амнести. Бројката е зголемена за 31 отсто во однос на претходната година кога беа извршени 883 смртни казни.

„Во 2023 година беа извршени вкупно 1.153 егзекуции, не вклучувајќи ги илјадниците за кои се верува дека биле извршени во Кина“, објави Амнести интернешнал предупредувајќи дека не се знае колку егзекуции се извршени во Кина.

Повеќето од егзекуциите – речиси три четвртини од вкупниот број во светот – се извршени во Иран. Во таа земја во 2023 година биле погубени најмалку 853 лица, што е зголемување за 48 отсто во споредба со претходната година.

На второ место е Саудиска Арабија со 172 егзекуции, што претставува 15 отсто од вкупниот број во светот.

Сомалија и САД исто така забележаа зголемување на смртните казни минатата година на 38 и 24 соодветно.

Бројот на земји кои користат смртна казна падна на рекордно ниско ниво во 2023 година, откако земјите како Белорусија, Јапонија, Мјанмар и Јужен Судан не забележаа егзекуции.

Сепак, бројот на нови смртни казни ширум светот во 2023 година се зголеми за 20 проценти на 2.428.

Смртната казна е укината, законски или во пракса, од страна на 144 земји.

Џулија Духроу, генерален секретар на Амнести интернешнл во Германија, го поздрави падот на бројот на земји кои користат смртна казна, но рече дека е загрижена од порастот на вкупниот број на егзекуции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ