сабота, 27 јули 2024
Прес-конференција на Беса

Амети: Чашата е прелиена, оставки да поднесат Спасовски и Буши

Портпаролката на Двиежње Беса, Љуљзиме Амети денеска изјави дека трагедијата, киднапирањето и убивањето на девојчето Вања Ѓорчевска ја прели чашата и е доказ за неспособноста на раководството на МВР. Време е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот заменик министер Назим Буши да поднесат оставка на функциите, рече Амети.

Објавено на

часот

Сподели

„Криминалот е во пораст, а граѓаните се тотално несигурни во државава. Дури велат дека е дојдено време самите својата и безбедноста на своите семејства да ја земат во свои раце.  Целиот ваков јавен џагор и сета неизвесност уште повеќе се зголемија по случајот со 14-годишната Вања Ѓорчевска, која една недела по исчезнувањето беше пронајдена мртва!  Членовите на семејството и роднините останаа вознемирени и се надеваа дека таа ќе се врати жива. Но, полицијата не успеа. Иако на криминалците им беа потребни само секунди да го грабат и убијат девојчето, на полицијата им беше потребна една недела за да го пронајдат телото на несреќното девојче. И телото на 74-годишен велешанец, за чие убиство е осомничена истата ггрупа криминалци која подолго време дејствува во Скопје“, рече Амети.

Таа додаде дека Македонија се претвори во гнездо на криминалци и поле за нивно дејствување, кои изнудуваат, ограбуваат и убиваат граѓани, но и, како што нагласи, ги збогатуваат владетелите.

„Само во последните неколку месеци имавме неколку престрелки и повреди на јавни места и трговски центри, дрогата кружи во секој локал и во средните училишта додека се зголемува бројот на криминалци. Но казна и одговорност за нив не постои. Повеќе од јасно е дека доколку владините функционери, особено полицијата, не соработуваа со криминалците, криминалот немаше да ги достигне овие размери. Затоа, скандалите и криминалите што се појавуваат секојдневно власта само ги премолчува и занемарува, почнувајќи од премиерот, министерот за внатрешни работи па до најмалиот функционер“, рече портпаролката и додаде:

„По сето ова, ако министерот Оливер Спасовски и заменик министерот Назим Буши имаат барем  малку совест и морал, тогаш под итно мора да поднесат оставки. Во спротивно, сигурни сме дека криминалот ќе се зголемува, несигурноста на граѓаните ќе расте, а државата ризикува да премине во анархија во која секој граѓанин ќе се грижи за својата безбедност и за безбедноста на своите деца“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ