сабота, 27 јули 2024

Американско оружје во руски раце: војници со буквата Z шетаат по уништениот град (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Оштетените станбени згради и изгорените тенкови руските медиуми ги претставија како доказ дека „украинските националисти ги користат цивилите како жив штит“.

На снимката се гледа колкава штета им предизвикала војната на овој град и на неговите жители, а прикажани се и проруски борци, како и руски војници што патролираат низ градот. Некои згради се во урнатини, додека други имаат оштетени прозорци и фасади полни со дупки. Расфрлано американско оружје и муниција лежат на земја. АП истакнува дека не можел самостојно да ја потврди снимката.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=SSD4GiJ6VJI autoplay:0]

Тешко беше да се добие целосна слика за битката што се одвиваше на исток бидејќи воздушните и артилериските напади го направија овој град исклучително опасен за движењето на новинарите.

И Украина и бунтовниците поддржани од Москва што се борат на истокот воведоа строги ограничувања за известување од борбената зона.

Руските војници влегоа во предградијата на украинскиот град Северодоњецк, изјави гувернерот на областа Луганск, Сергеј Гајдај.

Гајдар изјави дека двајца цивили загинале, а петмина се ранети во гранатирањето на Северодоњецк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ