сабота, 27 јули 2024

Американско-израелската вежба одложена

Објавено на

часот

Сподели

САД и Израел ја одложија најавената заедничка воена вежба за подоцна годинава, но извори од двете земји демантираат дека потегот е направен за да се избегне понатамошно разгорување на тензиите со Иран.
Противвоздушната одбранбена вежба, наречена „Предизвик Остер 12“, се очекува да биде најголемата помеѓу двата сојузници, кои редовно одржуваат заеднички воени маневри.
Пентагон изјави дека вежбата била закажана за на пролет, но сега се поместува за втората половина од 2012, јавува Асошиејтед прес.
Израелските медиуми првично јавуваат дека вежбата била откажана поради финансиски пречки (откако 15.000 американски војници тргнаа кон Персискиот залив). Но аналитичарите шпекулираат дека вистинската причина била стравот од создавање понатамошни тензии со Иран, кој покажува знаци на подлабока изолација по одбивањето да ги сопре нуклеарните активности.
Американските одговорни служби негираат дека тензиите со Иран биле каков било фактор, а израелските извори инсистираат на логистички проблеми.
Израел гледа смртна закана во збогатувањето на ураниум и ракетните проекти на Иран, а лидерите на еврејската држава не ја исклучија употребата на воена сила да ги запрат.
Иран упорно тврди дека нивната нуклеарна програма е за мирнодопски цели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ