сабота, 27 јули 2024

Американскиот Врховен суд одлучи: Тексас смее да ги апси и затвора мигрантите

Американскиот Врховен суд пресуди дека Тексас смее да ги апси и затвора мигрантите во рамки на новиот закон на сојузната држава за миграцијата, пренесува Би-би-си. Законот СБ4 ќе им дозволи на локалната и државната полиција апсење и прогон на осомничените за нелегално преминување на мексиканската граница.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Владата на американскиот претседател Џо Бајден го нарече законот неуставен. Одлуката е донесена еден ден откако поради жалбите е блокирана на истото ниво. Стапувањето на законот на сила три пати го одложи судијата Семјуел Алито. Врховниот суд денес пресуди дека СБ4 може да стапи на сила, но понискиот, сојузниот апелациски суд сè уште не донел одлука за неговата легалност.

Тројцата либерални членови на Врховниот суд, Соња Сотомајор, Елена Каган и Кетанџи Браун Џексон го изразија своето несогласување. „Судот дава зелено светло кое ќе ја наруши долготрајната рамнотежа на моќта меѓу сојузното и државното ниво и ќе посее хаос“, напиша Сотомајор во своето мислење.

СБ4 им дава на локалните и државните полициски службеници овластувања да ги сопрат и апсат лицата за кои се сомнева дека ја преминале границата нелегално, освен во училиштата, здравствените установи или религиските простори. Предвидени се прекршочни постапки или кривични постапки и можни затворски казни, или парични казни до 2.000 долари.

Казните за оние кои незаконски ќе влезат во Тексас откако биле депортирани би можеле да бидат и до 20 години затвор, во зависност од миграциската и криминалната историја на лицето. СБ4 е потпишан во декември, а првично требаше да стапи на сила на 5 март.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ