сабота, 27 јули 2024

Американскиот министер за одбрана: Ако Украина изгуби, НАТО ќе биде во војна со Русија

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин се закани денес дека НАТО ќе влезе во војна ако Украина биде поразена во конфликтот со руските сили.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи на сослушување на Одборот за оружени сили на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, на расправата за неговото неодамнешно отсуство, додека беше хоспитализиран по операција на рак на простата, Остин процени дека рускиот претседател Владимир Путин нема да сопре ако Русија победи во Украина.

Остин така одговори на прашањето одбивањето на Конгресот да одобри пакет воена помош од 60 милијарди долари за Украина, како што побара претседателот Џо Бајден. И покрај поддршката за помош на Украина, мерката е блокирана поради низата партиски спорови околу граничната безбедност и други прашања.

„Знаеме дека Путин, ако тука биде успешен, нема да сопре. Ќе продолжи да презема поагресивни акции во регионот. И други лидери низ светот, други автократи, ќе го гледаат ова и ќе бидат охрабрени од фактот што тоа се случило и не сме успеале да ја поддржиме демократијата“, смета Остин.

„Ако гледате од позиција на балтичките држави, би биле навистина загрижени дали вие ќе бидете следни. Тие го знаат Путин, свесни се за што е способен, и, искрено, ако Украина падне, верувам дека НАТО ќе биде во војна со Русија“, заклучи американскиот министер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ