сабота, 27 јули 2024

Американскиот јавен долг достигна нов рекорд: надминати се 34 билиони долари

Американскиот државен долг за првпат во историјата надмина 34 билиони долари, покажуваат ажурираните податоци на министерството за финансии на САД, а пренесуваат агенциите.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што е наведено, вкупниот долг на американската влада во моментов изнесува 34,001 билиони долари.

Според мислењето на експертите, американската влада ќе мора да потроши и до третина од буџетските приходи само за сервисирање на огромниот јавен долг.

Претходниот рекорд на американскиот државен долг беше забележан кон средината на септември 2023, кога изнесуваше 33 билиони долари.

На официјалниот сајт на министерството за финансии на САД се наведува дека на 18 септември вкупниот износ на јавниот долг бил 33,04 билиони долари, што е и нов рекорд за американскиот национален долг, кој на 16 јуни изнесувал 32 билиони долари.

Во јануари беше надмината законската граница на американскиот долг, која изнесуваше 31,4 билиони долари. Како резултат на тоа министерството за финансии беше принудено да преземе итни мерки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ