сабота, 27 јули 2024

Американскиот амбасадор во Приштина: Да се овозможи смена на градоначалниците на северот на Косово

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави на Косово Џефри Ховениер кажа дека сите функционери на Косово треба да направат сè за да овозможат целосна примена на административното упатство и да им овозможат на граѓаните да ги сменат градоначалниците на северот на Косово.

Објавено на

часот

Сподели

Истакна дека косовската влада тоа упатство го донела на барање на Европската Унија и САД за со деескалација да се овозможат вонредни локални избори на северот.

„Затоа е важно сите функционери на Косово, на сите нивоа, да направат сè што е можно за да ја олеснат целосната примена на административното упатство за смена на градоначалниците. Тие би требало да дадат сè од себе за да обезбедат граѓаните да можат да ги остварат своите демократски права. Многу сме загрижени ако некој не покаже разбирање и флексибилност“, кажа Ховениер.

Според административното упатство, секој граѓанин или група граѓани со право на глас има право да отвори иницијатива за смена на градоначалник на општина, а потоа тоа барање во рок од еден месец треба да го потпишат најмалку 20 отсто од гласачите на одредена општина.

Доколку централната изборна комисија констатира дека се собрани потписите на 20 отсто впишани гласачи, организира гласање за смена на градоначалникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ