сабота, 27 јули 2024

Американскиот амбасадор во Пекинг: Кина да ја натера Русија да ја прекине војната во Украина

Објавено на

часот

Сподели

„Она што сега треба да го видиме од Кина е да ја притисне Русија да ги повлече своите трупи, за Украина да може да ја врати својата територија и повторно да биде целосно суверена, во секоја смисла на тој збор“, кажа Бернс на конференција на аналитичката група Стимсон центар.

Тој додаде и дека би помогнало „кога Кина би ја натерала Русија да го прекине бомбардирањето на украинските училишта, болници и станбени згради“. Брнс наведе дека во последните два месеци е забележано „огромно губење човечки животи“ при руските воздушни напади.

Амбасадорот на САД во Кина кажа дека разговорот на кинескиот претседател Си Џинпинг и на украинскиот претседател Володимир Злеенски бил „добар прв чекор“, но дека е нејасно што ќе произлезе од тоа.

„Би сакале Кина да биде многу поцврста кога ги советува Русите. Би сакале да видиме акција за прекинување на војната, што е можно побрзо. Нормално, под услови кои украинската влада може да ги прифати“, кажа американскиот дипломат.

Додаде и дека Вашингтон со месеци „многу внимателно“ го следи прашањето за праќање кинеска воена помош на Русија.

„Не видовме докази дека Кинезите го прават тоа, но продолжуваме да набљудуваме“, заклучи Брнс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ