сабота, 27 јули 2024

Американскиот амбасадор во Белград: „Приштина ќе сноси последици“

Објавено на

часот

Сподели

Хил додаде дека тоа ќе се одрази на односите со Вашингтон, но дека ни тој не е запознаен со сите детали.

Тој ова им го изјави на новинарите во Белград и додаде дека мора да се постигне напредок во нормализацијата на односите на Белград и Приштина, формирањето на Заедницата на српски општини и продолжување на дијалогот.

„Нашиот државен секретар Ентони Блинкен јасно кажа дека се спротивставува на сите потези што ги направи (косовскиот премиер Аљбин) Курти што е во спротивност со сите совети што ги дававме и Блинкен кажа дека тоа ќе има последици. Мораме да настојуваме да не го изгубиме компасот и насоката на движење, а тоа е формирање на ЗСО, нормализација на односите. Потребно е регионот на Балканот да се смири и да продолжи во насока на ЕУ и евроатлантските интеграции“, кажа Хил.

Тој истакна дека претходните денови биле многу тешки на многу начини, како и дека Америка жали на нападите на војниците на Кфор и дека тоа не смее да се повтори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ