сабота, 27 јули 2024

Американски војник се запали пред израелската амбасада: „Слобода за Палестина“ (ВИДЕО)

Американски војник вчера попладне се самозапали, очигледно во знак на протест против војната во Газа, пред израелската амбасада во Вашингтон, соопштија властите, пренесува Ројтерс.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Тој е пренесен во болница откако пожарот бил изгаснат од агенти на американската тајна служба, соопшти противпожарната служба.

Мажот и понатаму е во критична состојба, изјави портпаролот на полицијата во неделата попладне. Портпаролот на воздухопловните сили потврди дека во инцидентот учествувал активен воздухопловец.

„Веќе нема да бидам соучесник во геноцид“, вели мажот во воена униформа во видеото што го емитуваше во живо на интернет, пишува Њујорк тајмс.

Потоа се полева со бистра течност и се запалува извикувајќи „Слобода за Палестина“, пишува Тајмс.

Локалната полиција и Тајната служба го истражуваат инцидентот.

Израелската амбасада е локација на постојани протести против војната во Газа, која предизвика и пропалестински и произраелски протести во САД.

Во декември, демонстрант се самозапали пред израелскиот конзулат во Атланта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ