понеделник, 9 декември 2024

Американски војници уринирале врз мртви Авганистанци пред камера

Објавено на

часот

Сподели

Извадок од 40 секунди од клипот успеал да се протне на Интернет и на него наводно може да се видат американски војници во патрола во Авганистан како уринираат врз труповите на мртви Авганистанци. Идентитетот на жртвите не е познат, но според забелешката „прикачена“ на видеото, американските војници се припадници на Извидничката снајперска бригада 4 на Маринците и од 3. марински баталјон од Северна Каролина. Групата била испратена во северната авганистанска провинција Хелманд лани летото.

Десет години откако ги почна своите воени операции во Авганистан, американската армија сè уште останува активно присутна таму и тоа е најдолгата американска непрекината војна во нивната историја. Американскиот претседател Обама вети дека ќе ги врати војниците дома до 2014, но овој настан може да предизвика општ гнев против оваа воена операција. Инцидентот предизвикува критики без преседан уште од скандалот со затворот Абу Граиб.

Во инцидентот со Абу Граиб, американските војници не сакајќи открија дека ги мачат и ги казнуваат затворениците во ѕидините на институцијата. Во последниот клип, пак, Американците не само што не го почитуваат наводниот непријател, туку не ги ни почитуваат оние што ги изгубиле животите во име на војната.

На видеото се слуша како еден од американските војници вика: „Имај убав ден, другарче“, во моментите кога се олеснува врз неговото мртво тело.

Откако видеото се појави на Интернет, официјалните лица изјавија: „Сè уште ги немаме потврдено оригиналноста и автентичноста на видеото, но она што се случува не одговара на нашите вредности и не го прикажува карактерот на американските маринци“.

Во еден од коментарите на Јутјуб, еден гледач на клипот коментира: „Фала дечки, тукушто се измочавте врз сето за што се боревме јас и моите колеги“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ