сабота, 27 јули 2024

Американски воен брод помина низ Тајванскиот теснец по завршувањето на кинеските воени вежби

Објавено на

часот

Сподели

Кина, која тврди дека Тајван е нејзина територија, минатиот понеделник официјално ги заврши тридневните воени вежби околу Тајван, за време на кои вежбаше прецизни напади и блокада на островот. Таа ги изведе овие вежби за да го изрази својот гнев поради средбата меѓу тајванската претседателка Цаи Инг-вен и претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти.

Седмата флота на американската морнарица соопшти дека разорувачот со наведувани проектили од класата Арли Бурк УСС Милиус извршил „рутински транзит низ Тајванскиот теснец“, низ водите „во кои на отворено море се применуваат слободите на навигација и прелети во согласност со меѓународното право“.

Транзитот на бродот ја покажува посветеноста на САД за слободен и отворен Индо-Пацифик, се додава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ