Врховниот суд во Колорадо одлучи дека слоновите Миси, Кимба, Лаки, Лулу и Џамбо, сместени во планинската зоолошка градина Шајен mauntin, немаат право на „habeas corpus“, правен концепт што ги штити луѓето од незаконски притвор и ја гарантира личната слобода од самоволието на извршната власт.
„Habeas corpus“ не важи за животните „без разлика колку се когнитивно, психолошки или социјално софистицирани“, се наведува во судската одлука.
Проектот за нечовечки права (НРП), кој ја покрена постапката, објави дека пресудата „овековечува една јасна неправда“.
Групата тврдеше дека слоновите, родени во дивината на Африка, имаат право на слобода бидејќи се автономни, исклучително когнитивно и социјално сложени суштества.
НРП сакаше животните да бидат пуштени во засолниште за слонови во САД.
Зоолошката градина ги отфрли сите сугестии дека слоновите „добиваат што било друго освен извонредна грижа“, се додава во судската одлука.