среда, 23 октомври 2024

Американски суд пресуди дека Гугл нелегално одржувал монопол во онлајн пребарувањето

Американски судија пресуди дека Гугл дејствувал незаконски за да го задржи монополот над онлајн пребарувањата и поврзаното огласување.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката би можела да го промени начинот на работење на технолошките џинови во иднина.

Министерството за правосудство на Соединетите Американски Држави го тужеше Гугл поради неговата контрола над околу 90 отсто од пазарот на онлајн пребарувањата.

Во одлуката окружниот судија Амит Мехта забележа дека Гугл платил милијарди за да обезбеди да биде основен пребарувач на паметните телефони и браузерите.

„Гугл е монополист и дејствувал како монополист за да го задржи својот монопол“, напиша судијата Мехта во своето мислење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ