среда, 15 јануари 2025

Американски разузнавачи тврдат дека економската помош на Кина го ослабува ефектот на санкциите против Русија

Објавено на

часот

Сподели

Кина „станала уште поважен економски партнер на Русија по инвазијата во Украина во февруари 2022“, се наведува во документот кој го објавија пратеници на американската Демократска партија.

Пекинг „воспоставил разни механизми на економска помош кои го ослабуваат ефектот на санкциите и контролата на извозот“, додава истиот извор.

Кина го зголемила увозот на енергенси од Русија и обезбедила договори за осигурување за превозот на сировата нафта, се наведува во извештајот.

Се зголемила и трговската размена во кинеската валута јуан, што е еден од начините да се заобиколи западниот финансиски систем.

Покрај тоа, се наведува во извештајот, Пекинг веројатно ѝ испратил на Москва опрема која може да се користи во цивилни и воени цели, а која била употребена во Украина, иако е „тешко да се утврдат размерите на помошта“ која ја испраќа Кина за да ѝ помогне на Русија да ги заобиколи санкциите и контролата на извозот.

Западните санкции опфаќаат замрзнување имот и сметки на руската централна банка, ограничување на рускиот увоз и извоз.

Пекинг истакнува дека останува неутрален во конфликтот и никогаш отворено не ја осудил руската инвазија во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ