сабота, 27 јули 2024

Американски министер: Можеме да ги поддржиме и Украина и Израел, ние сме најсилни во светот

Соединетите Држави се способни истовремено да ја поддржуваат Украина во нејзината војна против Русија и Израел по бруталниот напад на Хамас, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Објавено на

часот

Сподели

„Можеме да ги правиме и двете и ќе ги направиме и двете. Ние сме најсилната нација во светот“, рече Остин во средата во Брисел, во седиштето на НАТО.

САД почнаа да му обезбедуваат на Израел воена помош, вклучително и клучна муниција, и ќе обезбедат повеќе пресретнувачи за израелскиот одбранбен систем „Железна купола“, додаде американскиот министер.

Вашингтон исто така испрати војници во регионот и е подготвен да распореди дополнителни ресурси.

„За која било земја, за која било организација, за секој кој размислува да се обиде да ја искористи агонијата во Израел за да го прошири овој конфликт или да пролее уште крв, имаме само еден збор: Немојте! Ние ќе продолжиме да гарантираме дека Израел ќе го добие она што му е потребно да се заштити себеси и своите граѓани“, заклучи Остин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ