сабота, 27 јули 2024

Американски генерал: Украинската контраофанзива не е неуспешна

Објавено на

часот

Сподели

„Почна пред отприлика пет или шест недели. Но, ситуацијата се одвива поспоро од очекуваното. Зошто? Бидејќи тоа е разликата меѓу војна на хартија и вистинска војна. Ова се вистински луѓе со вистински машини. На теренот се и навистина чистат вистински мински полиња. И вистински умираат“, кажа Мили, а пренесува Си-ен-ен.

„Значи, кога тоа ќе се случи, доаѓа до успорување. И тоа е правилно. Мора да преживеат и да поминат низ минските полиња. Тоа е далеку од неуспех. Мислам дека е прерано за таков заклучок. Ги чекаат уште многу борби“, додаде американскиот генерал.

Мили додаде и дека Украина има значително количество борбена моќ која сè уште не е ангажирана во офанзивата.

„Нема да кажам што ќе се случи во иднина бидејќи Украина треба да одлучи каде и како ќе ги испрати своите резерви. Во овој момент напредуваат полека, ја чуваат својата сила и постојано се пробиваат низ сите тие мински полиња“, оцени Мили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ