Американскиот дипломат задолжен за Западен Балкан е во прва посета на БиХ откако е именуван. Тој во посебна изјава доставена до медиумите од амбасадата на САД ја истакна јасната поддршка на БиХ како држава и на Дејтонскиот договор.
„Нападите на Дејтонскиот договор и БиХ и повиците на мирно раздружување, всушност сецесија, кои доаѓаат од Милорад Додик се неодговорни. Тоа е опасен пат кој БиХ и нејзините граѓани не ги води никаде, а ја изложува РС на ризик“, изјави Касаноф.
Додаде дека САД ќе продолжат да ги користат сите расположливи инструменти, вклучувајќи санкции, и ќе ги повикаат на одговорност оние кои се закануваат или се обидуваат да го поткопаат Дејтонскиот договор како и БиХ и нејзините институции.
Касаноф кажа дека САД сакаат интеграција на БиХ не само во Европската Унија туку и во НАТО, иако на тоа се противат босанските Срби барајќи БиХ да остане воено неутрална односно на тој план да ја следи политиката на Србија.
Американскиот дипломат истакнаи дека Вашингтон му дава цврста поддршка на високиот претставник за БиХ Кристијан Шмит чиј мандат е оспорен поради тоа што не е потврден во Советот за безбедност на ОН.