сабота, 27 јули 2024

Американски брод погоден со проектил во Црвено Море

Британската агенција за поморски трговски операции УКМТО извести за нов тежок инцидент во Црвено Море.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Се наведува дека брод е погоден со проектил од воздух во близина на јеменскиот пристанишен град Аден.

Британската компанија за поморска безбедност Амбреј јави дека погодениот брод е товарен и е во американска сопственост.

Се истакнува дека избил пожар на бродот кој носи товар под американска сопственост, под знаме на Маршаловите Острови, но дека е и понатаму способен за плевење и дека нема повредени. Се истакнува дека бродот не е поврзан со Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ