сабота, 27 јули 2024

Американската војска уништи два дрона на Хутите во Црвеното Море

Американската војска и коалициските сили уништија беспилотно летало и беспилотно пловило на јеменските Хути во Црвеното Море, соопшти американската Централна команда (ЦЕНТКОМ).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американската команда изјави дека нападот бил извршен во средата, пренесува Ројтерс.

„Нема извештаи за повредени или оштетувања на американските или коалициските бродови“, се вели во соопштението на американската војска.

Хутите вршат напади врз бродови во Црвеното Море како знак на поддршка за палестинската милитантна група Хамас во нејзината војна против Израел, а како одговор на тие напади, САД и Велика Британија, кои предводат коалиција од повеќе земји, започнаа напади врз цели на Хутите во Јемен во јануари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ