петок, 18 октомври 2024

Американската војска тврди дека Русите оштетиле нивен дрон над Сирија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Американците тврдат дека руски авиони во неделата се приближиле на неколку метри до американски дрон ем-кју9 „рипер“ кој наводно учествувал во мисија против ИСИС над Сирија. Додаваат дека еден од руските авиони почнал да испушта сигнални ракети пред американскиот дрон, сериозно оштетувајќи го неговиот пропелер.

Екипажот на дронот успеал да го исконтролира леталото и да го врати во матичната база. „Очигледното занемарување на безбедноста на летањето од страна на рускиот ловец ја намалува нашата мисија да обезбедиме траен пораз на ИСИС“, порача генерал полковникот Алекс Гринкевич, командант на Централната команда на американските воздухопловни сили.

Објавена е и снимка од инцидентот на која се гледа дека руски борбен авион се приближува и испушта сигнални ракети во близина на дронот. Сличен инцидент се случи над Црно Море во март, кога авион Су-27 оштети ист ваков американски дрон.

Средбите на руските борбени авиони американските беспилотни летала над Сирија стануваат сè почести. Двете војски дејствуваат во земјата, но руската ја поддржува власта на претседателот Башар ал Асад, додека американската поддржува опозициски милитанти групи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ