среда, 11 декември 2024

Американската војска ќе постави привремено пристаниште во Газа

Американската војска и нејзините партнери ќе постават привремено пристаниште на брегот на појасот Газа зафатена од војна за да достават дополнителна хуманитарна помош за цивилите, изјави висок владин претставник во Вашингтон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Плановите се направени поради загриженоста во Вашингтон дека хуманитарната помош што влегува во Газа „не е ни речиси доволна и не доаѓа доволно брзо“, рече високиот функционер.

Зборувајќи за војната во Газа, американскиот претседател Џо Бајден во обраќањето до нацијата вчера повика на итен шестнеделен прекин на огнот и го предупреди Израел дека прашањето за хуманитарната помош за Газа „не може да биде второстепено прашање или причина за пазарење“.

Тој го информираше Конгресот дека ѝ наредил на американската војска да постави вештачко пристаниште во Газа за испорака на поголема хуманитарна помош на опколената палестинска територија.

Пристаништето во Средоземно Море на брегот на Газа ќе биде привремено пристаниште кое ќе може да прими бродови со стотици дополнителни камиони со хуманитарна помош секој ден.

Хуманитарната ситуација во Газа е очајна, а гладот ​​расте меѓу населението откако избија борби меѓу Израел и палестинското екстремистичко движење Хамас по масакрот на 7 октомври. Хамас и другите милитантни групи од Газа убија околу 1.200 луѓе, главно цивили, а киднапираа околу 240 луѓе.

Израел одговори со брутално бомбардирање на опколената палестинска крајбрежна енклава и започна копнена операција за елиминирање на Хамас. Според властите на енклавата, досега во Газа загинале повеќе од 30.000 Палестинци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ