Телевизијата извести дека нападите ги извршиле американски и британски авиони, но британската влада негираше дека британските сили биле вклучени во нападот.
Американски извори кажале за Асошиејтед прес дека американската војска нападнала низа цели на Хутите во Јемен. Мети биле оружени системи, бази и друга опрема на бунтовниците поддржани од Иран, кажал изворот.
Точниот број цели сè уште не е познат бидејќи мисијата само што завршила, но медиумот на Хутите сугерира дека седум напади биле извршени на аеродромот Худеида, како и блиска воена база на Хутите.
Американската војска соопшти вечерва дека американските сили извршиле напади на 15 цели во области на Јемен под контрола на Хутите.
U.S. Central Command (CENTCOM) forces conducted strikes on 15 Houthi targets in Iranian-backed Houthi-controlled areas of Yemen today at about 5 p.m. (Sanaa time). These targets included Houthi offensive military capabilities. These actions were taken to protect freedom of… pic.twitter.com/w8dC2lacpP
— U.S. Central Command (@CENTCOM) October 4, 2024
Хутите, проиранска милитантна група која го контролира Јемен, минатиот ноември почна со напади на бродови поврзани со Израел, САД и Британија, во знак на солидарност со Палестинците во Газа.
Нападите на Хутите предизвикаа американски, британски и израелски одмазднички напади, но и ја попречуваат западната трговија бидејќи сега компаниите се приморани да ги пренасочат бродовите од Црвено Море и Суецкиот канал околу Ртот на добра надеж.