Американската тајна служба ранила вооружен маж пред Белата куќа рано утринава по конфронтација, а мажот сега е во болница, јавува Ројтерс.
Американскиот претседател Доналд Трамп во тој момент не бил во резиденцијата, бидејќи викендот го минува во својата резиденција на Флорида.
Претставници на тајната служба во саботата добиле дојава од локалните власти дека суицидно лице можеби патува за Вашингтон од Индијана, а автомобилот на лицето е пронајден на еден блок подалеку од Белата куќа, се вели во соопштението.
Човекот го извадил оружјето кога полицајците му се приближиле, по што пукале во него, нешто по полноќ по локално време.
Осомничениот е пренесен во болница, а неговата состојба не е позната.