сабота, 27 јули 2024

Американската престолнина има сѐ освен НБА-победа (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Брајант беше стрелец на 39 поени за ЛА лејкерс

„Волшебниците“ од Вашингтон синоќа на домашен терен загубија во пресметката со Њујорк никс (96-99), што за нив беше седми пораз во исто толку натпревари во новата  НБА-сезона. Најзаслужен за победата на „никси“ беше Кармело Ентони со 37 поени, седум скока и четири асистенции, а одличен беше и Амаре Стадемаер со 23 поени и 12 скока. Најдобри во поразениот тим беа Ник Јанг и Џон Вол со 24, односно 22 постигнати поени.

Кошаркарите на Чикаго булс со триумфот против Орландо меџик (97-83) на теренот на противникот дојдоа до скор 7-1, со што го делат првото место во најсилната кошаркарска лига на светот со Мајами хит, кој има ист учинок. За „биковите“ ова беше шеста победа по ред. Веднаш зад оваа двојка се кошаркарите на Оклахома тандерс, кои со победата над Хјустон рокитс (109-94) дојдоа до својата шеста победа, а имаат и два порази.

Предводен од феноменалниот Коби Брајант, кој постигна 39 поени заедно со седум асистенции и четири скока, тимот на ЛА лејкерс дојде до триумф над Голден стејт вориорс (97-90) и 50-отстотен учинок во новата сезона од четири победи и исто толку порази.

РЕЗУЛТАТИ: Торонто – Њу Џерси 85-97, Филаделфија – Детроит 96-73, Вашингтон – Њујорк 96-99, Шарлот – Атланта 96-102 (пр.), Бостон – Индијана 74-87, Орландо – Чикаго 83-97, Њу Орлеанс – Денвер 88-96, Оклахома – Хјустон 109-94, Минесота – Кливленд 87-98, Јута – Мемфис 94-85, Феникс – Портланд 102-77, ЛА Лејкерс – Голден Стејт 97-90.

 

[video:http://www.youtube.com/watch?v=o4TxfbSkck0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ