недела, 20 октомври 2024

Американската морнарица ја претстави првата „родово неутрална“ подморница

УСС Њу Џерси, јуришната подморница од класата Вирџинија, дизајнирана да прими и машки и женски членови на екипажот, влезе во служба во американската морнарица.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Подморниците беа „машка зона“ сè додека Пентагон не почна да дозволува престој на жени на пловилата во 2010 година, што поттикна реконструкција за да се решат проблемите со бањите и недостигот од приватност.

Околу 4.000 луѓе присуствуваа минатиот викенд на церемонијата на пуштање во служба на УСС ЊУ Џерси што командантот на подморницата Стив Хале го нарече „навистина историски момент“.

„Денес го пуштивме во работа нашиот брод и тој е најбрзото, најнапредно, целосно интегрирано јуришно пловило до сега“, кажа Хале. „Нашиот врвен професионализам е подобрен со интеграцијата на нашиот екипаж и нашата разновидност“.

Според зборовите на вицеадмиралот Роберт Гаучер, командантот на американските подморнички сили Атлантик, службата сега е „целосно родово интегрирана“ и сите идни подморници на нуклеарен погон, вклучувајќи ја новата класа Колумбија, ќе бидат дизајнирани со родово неутрално сместување.

Во моментов повеќе од 700 жени се во подморничка служба во САД, јавуваат американските медиуми повикувајќи се на евиденцијата на морнарицата.

Јуришната подморница на нуклеарен погон има екипаж до 135, долга е над 115 метри, широка речиси 11 метри и може да нурне до речиси 250 метри длабочина. УСС Њу Џерси е 23-та подморница од класата Вирџинија изградена во последните 25 години. Тоа е третиот брод на американската морнарица кој добил име по држава на САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ