четврток, 19 септември 2024

Американската централна банка ги намали каматите, крај на борбата со инфлацијата

Американската централна банка Федерални резерви (Фед) значително ја крена прогнозата за стапката на невработеност во оваа година и назначи префрлање на тежиштето од инфлацијата на пазарот на труд, намалувајќи ги каматните стапки за половина процентен бод.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Распонот на референтните каматни стапки сега изнесува од 4,75 до 5 отсто, објави Фед, со изјава на претседателот Џером Пауел дека борбата со инфлацијата завршила.

Американската централна банка ги држеше каматните стапки во распон од 5,25 до 5,50 отсто од јули минатата година, кога заврши 18-месечниот циклус на кревање на трошоците за задолжување.

Новите проекции на Фед покажуваат дека инфлацијата во оваа година ќе се спушти на 2,3 отсто и дополнително ќе успори во 2025, на 2,1 отсто. Во 2026 и 2027 Фед очекува инфлација од два отсто, проценувајќи дека ќе се задржи на тоа ниво и подолго, покажуваат медијалните проекции.

Меѓутоа, значително се кренати проценките за невработеноста во оваа година, на 4,4 отсто. Уште во јуни проценката беше 4 отсто. Во 2003 година изнесуваше 3,6 отсто.

Вредноста на стапката на невработеност е највисока од октомври 2021 година, според податоците на министерството за труд.

Економијата, пак, во оваа и следните две години би требло да порасне за 2 отсто, ги потврди Фед проценките од јуни. на подолг период растот би требало да биде нешто понизок, според прогнозираната стапка на раст од 1,8 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ