вторник, 22 октомври 2024

Американската амбасадорка во Загреб: Интерес на САД е да се поправат односите меѓу Хрватска и Србија

Американската амбасадорка во Хрватска Натали Рајес во Белград истакна дека интерес на Соединетите Американски Држави е односите на Србија и Хрватска да се унапредат и преку дијалог да се решаваат сите отворени прашања, објавено е по нејзиниот разговор со министерот во владата на Србија и претседател на партијата Демократски сојуз на Хрватите во Војводина Томислав Жигманов.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Посетата на американската амбасадорка во Загреб на Србија се случи неколку дена по повторното заострување на односите меѓу Хрватска и Србија.

На почетокот на неделата српските безбедносни служби објавија дека уапсиле хрватски шпион, а имаше и инцидент на хрватско-српската граница кога хрватската пејачка Северина Вучковиќ беше задржана на двочасовно полициско испрашување поради „вербален деликт“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ