среда, 23 октомври 2024

Американската амбасада во БиХ ги предупреди инвеститорите да внимаваат што купуваат

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Босна и Хецеговина ги предупреди инвеститорите пред да ги вложат своите пари да извршат ригорозна проверка на правата над сопственоста на земјиштето во БиХ кое го купуваат, за да не се вклучат во нелегални или неуставни аранжмани и за да избегнат изложеност на американски санкции.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Стејт департментот објави анализа на состојбата за инвестициите во БиХ за 2024 година, каде на инвеститорите им се советува ригорозна правна проверка пред инвестирањето во БиХ. Важно е да се избегнува изложеност на санкциите на САД и да се потврдат правата на сопственост на земјата за да се избегне евентуално вклучување во нелегални или неуставни аранжмани“, истакна американската амбасада на социјалната мрежа Икс.

Тие истакнаа дека тие препораки „особено важат за Република Српска, каде ситуацијата за ова прашање е критична“.

„Ова е особено важно во РС, каде сецесионистичките активности на лидерот, напорите неуставно да се преземе контролата на државниот имот и неспроведувањето на одлуките на Високиот претставник создаваат правни ризици кои дополнително ја комплицираат бизнис климата“, се истакнува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ