сабота, 27 јули 2024

Американска премиера на „М“ на Вардан Тозија во Њујорк

Објавено на

часот

Сподели

По 25 години одржување во легендарниот Chinese Theatre во Лос Анџелес, фестивалот се сели во срцето на Њујорк, повторно на култна локација – Regal Union Square Theatre во Менхетен. Според „USA Тoday“, фестивалот се вбројува меѓу „десетте најзначајни филмски настани на северноамериканскиот континент“. Според Си-Ен-Ен, важи за „лидер во позиционирање на свежи и нови таленти на филмската индустрија“, додека Indiewire го препознава како „нашироко признаен поради откривањето на иновативниот дух и талент во независната кинематографија“.

Приказната на Тозија за осамено момче од шумата, кое наидува на низа предизвици и авантури, барајќи ја својата самовила, токму на официјалната селекција на овој фестивал ќе ја претставува македонската кинематографија пред американската публика.

По премиерата, ќе се одржат дискусии меѓу режисерот и членови на индустријата, како и разговори со публиката. Светските права за дистрибуција на македонскиот филм „М“ ги поседува американската компанија OneTwoThree Media.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ