среда, 23 октомври 2024

Американска политичарка: Во Републиканската партија постои „Путиново крило“

Поранешната пратеничка на американската Републиканска партија Лиз Чејни кажа за Си-ен-ен дека во нејзината партија постои „Путиново крило“, по последните изјави на Доналд Трамп за НАТО и Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мораме сериозно да сфатиме до која мера е сега силно Путиново крило на Републиканската партија. Верувам дека најважната цел во овој изборен циклус е да се обезбеди Путиновото крило на Републиканската партија да не го преземе Западното крило на Белата куќа“, кажа Чејни.

„Кога размислувате за изјавите на Доналд Трамп, кога на пример ветува одмазда по доаѓањето на власт, тоа е токму она што Владимир Путин му го направи на Алексеј Навални бидејќи така изгледа одмазда во земја во која претседателот не ги почитува правилата“, кажа Чејни.

„Тој всушност јасно даде до знаење дека под администрација на Трамп Соединетите Американски Држави веројатно нема да ги одржат своите обврски кон НАТО“, кажа Чејни. Коментарите на поранешниот претседател на САД ги нарече „опасни“ и оцени дека покажуваат „целосен недостиг од разбирање на улогата на Америка во светот“.

Лиз Чејни е инаку поранешна републиканска пратеничка на Претставничкиот дом и ќерка на Дик Чејни, поранешниот американски потпретседател за време на мандатот на Џорџ Буш Помладиот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ