сабота, 27 јули 2024

Американецот кој остро го обвини Бајденовиот син осомничен дека е кинески шпион

Објавено на

часот

Сподели

Гал Луфт (57), директор на Истражувачкиот институт за енергетика, е обвинет дека „како агент на Пекинг се здружувал со други за да промовира кинески интереси“ без „официјално да се регистрира како странски агент, како што налага американскиот закон“, се наведува во соопштението од канцеларијата на федералниот обвинител на јужниот округ на Њујорк, Демијан Вилијамс.

Луфт се гони и за „трговија со оружје“, „прекршување на санкциите против Иран“ и „лажни изјави за федерални агенти“. Тој беше уапсен на Кипар во февруари 2023 година, а потоа побегна откако беше ослободен со кауција во очекување на екстрадиција, додаде Министерството за правда. За најтешките точки од обвинението му се заканува затворска казна до 20 години.

Гал Луфт, кој работел како консултант за енергетската компанија ЦЕФЦ, контролирана од кинеската држава, пред неколку години го обвини помладиот син на Џо Бајден Хантер дека под матни околности примил милиони долари од таа компанија.

Во видеото објавено од Њујорк пост на 5 јули, Луфт вели дека разговарал за ова прашање со двајца американски федерални обвинители и четворица агенти на ФБИ во Брисел во март 2019 година.

Некои конзервативни пратеници го повикуваат Луфт да сведочи во Конгресот. „Тој е главниот сведок“, изјави републиканскиот сенатор Рон Џонсон за Фокс њуз во неделата, додавајќи: „Мора да му обезбедиме имунитет за да може да сведочи и да ја раскаже својата приказна“. „Гал Луфт е исклучително веродостоен сведок за корупцијата во семејството Бајден“, напиша во петокот на Твитер републиканскиот пратеник Џејмс Комер.

Во мај, републиканските пратеници во парламентарната комисија за надзор на владата објавија извештај во кој се наведува дека членовите на семејството на Џо Бајден и луѓето поврзани со нив добиле речиси 10 милиони долари од странски компании, особено кинески и романски.

Обвинувањата се дел од долготрајната кампања за разоткривање на матни зделки на Хантер Бајден, синот на демократскиот претседател кој има бурен приватен живот. Републиканците го обвинуваат дека го користел своето име и врските на својот татко додека бил потпретседател на Барак Обама (2009-2017) за да склучи сомнителни зделки во неколку земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ