понеделник, 9 декември 2024

Американецот Картер потпиша за Лирија, следен е Тасовски

Објавено на

часот

Сподели

Картер е 29-годишен плејмејкер, кој во досегашната кариера има играно во екипи од Мексико, Венецуела, Доминиканската Република, како и американската развојна НБДЛ-лига и ЦБА-лигата. Негов заштитен знак се брзината, интелигенцијата во играта, како и шутот од далечина. По краткиот период на аклиматизација се очекува тој да биде еден од лидерите на Лирија во обидот на овој тим да дојде до едно од првите четири места на табелата, кои водат во плејофот.

„Со Картер очекувам да добиеме во брзина и во сигурност во нападот. Има добри препораки и се надевам дека ќе биде солидно засилување за вториот дел од сезоната“, вели Марјан Илиевски, тренер на Лирија.

Неделава се очекува тимот од Сарај да го официјализира договорот со Тасовски, кој изминативе денови тренира со другите играчи на Лирија. Тој од денеска е слободен играч, иако неговиот досегашен тим, Работнички, има право во рок од три дена да се жали на одлуката на Регистрациската комисија (РК) при Македонската кошаркарска федерација (МКФ).

Лирија сериозно се засилува пред вториот дел од сезоната

На Тасовски му излеговме во пресрет кога му беше потребна екипа за тренирање. Лирија и во иднина ќе им излегува во пресрет на сите кошаркари што ќе имаат ваква и слична потреба за да останат во форма додека не си ја решат ситуацијата. Ние дефинитивно сме заинтересирани за неговите услуги, но сè додека нема чиста ситуација со Работнички, нема да преземаме ништо конкретно. Дури откако ќе биде слободен играч, ќе седнеме на маса да се договориме, а мислам дека тоа ќе биде брзо бидејќи има заемна заинтересираност за соработка.“, дополнува Илиевски.

И.К.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ