понеделник, 21 октомври 2024

Американец убил четири членови на семејството затоа што мислел дека е исклучен од тестаментот

Човек кој верувал дека е изоставен од тестаментот на мајка си и не сакал да се исели од куќата во која живееле, убил четири члена од своето семејство пред да си го одземе животот, соопшти американската полиција.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Џозеф Делусија Џуниор ги убил своите сестри, брат и внука, Џоан Кернс, Френк Делусија и Тина Хамонд како и нејзината ќерка Викторија Хамонд – за време на семејниот собир во домот на неговата мајка во Лонг Ајленд, која починала три дена претходно на 95-годишна возраст.

Наместо да се разговара за планираната продажба на куќата во која Делусија Џуниор го живеел целиот свој живот, тој испукал 12 куршуми од сачмарка, при што ги убил сите присутни.

Потоа излегол во дворот викајќи за тоа што штотуку го направил, пред да го впери пиштолот кон себе, рече капетанот на полицијата, додавајќи дека Делусија верувал дека е исфрлен од тестаментот и дека ќе остане без кров над главата.

Неговите две сестри и брат биле на 60-годишна возраст, додека неговата внука имала 30 години, соопшти полицијата. Телата на четворица од нив се пронајдени во куќата, додека Делусија Џуниор е пронајден надвор, пренесува Њуз12. Сите биле прогласени за мртви на местото на настанот.

Членовите на семејството се обиделе да го убедат Делусија Џуниор дека ќе биде згрижен по смртта на мајка му, но дека ќе мора да се исели од нејзиниот дом.

Соседот Ренди Маркиз рече дека Делусија Џуниор, изгледал тажно и збунето во последните денови, но не покажал предупредувачки знаци дека може да стане насилен, ниту пак знаел дека поседува оружје.

„Немавме поим дека ова ќе се случи. Да знаевме што има намера да направи, се разбира дека ќе направевме нешто“, рекол соседот.

Семејството се собрало во куќата пред состанокот со локалниот агент за недвижнини и исто така го прославувале роденденот на Тина Хамонд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ