петок, 18 октомври 2024

Американец е сеназционален победник на трката на 1.500 метри, постави и олимписки рекорд (ВИДЕО)

Финалето на 1.500 метри во машка конкуренција беше исклучително возбудливо, погледите беа во Џош Кер и Јакоб Ингебритсен, но славата ја зема Кол Хокер кој не само што победи, туку постави и нов олимписки рекорд.

Објавено на

часот

Сподели

Џош Кер од Велика Британија и Јакоб Ингебритсен од Норвешка беа главни фаворити за златото, тие требаше да ја водат битката за првото место и така изгледаше. Но, во последните метри од позадина се појави Американецот Кол Хокер кој ги престигна двајцата и прв ја мина целта.

Тој за дури три секунди го подобри своето најдобро време и постави нов олимписки рекорд, 3:27.65.

Сребрениот медал го доби Кер, а бронзата заврши на градите на Американецот Нугез, Ингебритсен остана со празни раце.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ