сабота, 27 јули 2024

Американците собориле турски дрон над Сирија, премногу се приближил до нивните позиции (ВИДЕО)

Американски борбен авион Ф-16 соборил турско беспилотно летало кое летало над база во североисточна Сирија во која се сместени американските сили, потврдија американски функционери за Си-би-ес.

Објавено на

часот

Сподели

Уривањето наводно се случило откако на Турците неколку пати им било повторно да се оддалечат од американските копнени сили во близина на Ал Хасаках.

Се верува дека ова е првпат САД да соборат дрон на Турција, која е членка на НАТО. „Дронот бил вооружен со проектили воздух-земја и се сметал за закана за американските војници и Сириските демократски сили во базата Тал Бајдар“, изјавил анонимен извор за Политико.

Според првичните информации, Американците собориле бајрактар ТБ2, беспилотно летало на турската одбранбена компанија Бајкар. Американското соборување на беспилотното летало на НАТО сојузничката би можело да ги влоши тензиите меѓу Вашингтон и Анкара.

САД имаат околу 900 војници во Сирија. Стејт департментот одбил да даде коментар за инцидентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ