САД ќе повлечат 7.000 војници од вкупно 81.000 стационирани во европските бази, изјави портпаролот на Пентагон, Џорџ Литл. Информацијата доаѓа само еден ден откако секретарот за одбрана на САД, Леон Панета, изјави дека Пентагон ќе ги намали силите во Европа како дел од новата одбранбена стратегија со која американската одбрана треба да заштеди 487 милијарди долари во следните десет години.
Панета изјави дека американското воено присуство во Европа ќе биде одржувано со единици што ќе ротираат.
Американскиот претседател Барак Обама ја презентираше 10-годишната одбранбена стратегија на 5 јануари, која ќе биде фокусирана на азискиот Пацифик и на средноисточниот регион.
Американските воени стратези изјавија дека се загрижени поради брзиот раст на воздушната и поморската моќ на Кина и Иран и побараа САД да ги повлечат копнените сили стационирани во Европа уште во ерата на Студената војна.
Американците ќе кастрат 7.000 војници во Европа

Објавено на
часот