сабота, 27 јули 2024

Американците уништија повеќе од 80 дронови и проектили во нападот од Иран и Јемен врз Израел

Американските сили, поддржани од разурнувачите од Европската команда на американската војска, уништија повеќе од 80 дронови и најмалку шест балистички проектили насочени кон Израел од Иран и Јемен во текот на викендот, соопшти денеска американската Централна команда (ЦЕНТКОМ).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова вклучува балистичка ракета на лансирно возило и седум беспилотни летала уништени на терен пред нивно лансирање, во јеменски области под контрола на Хутите, поддржани од Иран.

Иран изврши напад на израелска територија во саботата навечер со дронови и проектили како одмазда за израелскиот напад на иранскиот конзулат во Сирија на 1 април, во кој загинаа највисоките команданти на Револуционерната гарда.

Нападот, со повеќе од 300 проектили и беспилотни летала, главно лансирани од Иран, предизвика само скромна штета бидејќи повеќето беа соборени од израелскиот систем за противвоздушна одбрана со помош на САД, Велика Британија, Франција и Јордан.

„ЦЕНТКОМ продолжува да ја поддржува одбраната на Израел од овие опасни дејства на Иран. Ќе продолжиме да работиме со сите наши регионални партнери за зајакнување на регионалната безбедност“, соопшти американската војска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ