сабота, 27 јули 2024

Американците убија командант на Катаиб Хезболах во Багдад

Централната команда на Соединетите Држави (ЦЕНТКОМ) соопшти дека командант на Катаиб Хезболах бил убиен во напад на американско беспилотно летало во Багдад.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Силите на ЦЕНТКОМ „спроведоа едностран напад во Ирак како одговор на нападите врз американските војници, при што беше убиен командант на Катаиб Хезболах кој беше одговорен за директно планирање и учество во напади врз американските сили во регионот“, објави командата на платформата Икс.

Во моментов нема докази за колатерална штета или цивилни жртви, додаде американската војска. „Нема да се двоумиме да ги повикаме на одговорност сите оние кои ја загрозуваат безбедноста на нашите сили“, предупредуваат во соопштението.

Американските медиуми објавија дека во нападот биле убиени најмалку тројца членови на Катаиб Хезболах.

Пентагон ја поврза проиранската група во Ирак со нападот во јануари во кој загинаа тројца американски војници во близина на јорданско-сириската граница.

Американскиот претседател Џо Бајден ги обвини за нападот „проиранските радикални милитантни групи кои дејствуваат во Сирија и Ирак“ и се закани со одмазда.

Од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас, проиранските милиции речиси секојдневно ги напаѓаат американските воени бази во Ирак и Сирија. САД одговорија со воздушни напади во двете земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ