сабота, 27 јули 2024

Американците продаваат ракети со долг дострел во руското соседство

Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на речиси 1.800 ракети воздух-земја на Полска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за над 800 ЈАССМ-ЕР крстосувачки ракети и повеќе 700 АИМ-120Ц-8 АМРААМ ракети со среден дострел, а целосната зделка е вредна 3,7 милијарди долари.

Американската државна агенција за соработка во областа на безбедноста (ДСЦА) објави во вторникот три одобрувања на Стејт департментот за продажба на оружје на Полска.

Првото одобрување се однесува на продажба на 821 ракети АГМ-158Б-2 ЈАССМ-ЕР со продолжен дострел, заедно со поддршка за оружените системи и интеграција и опрема за тестирање, за што е одговорна компанијата Локид Мартин а проценетата вредност е 1,77 милијарди долари. Ова оружје има дострел од 920-1.000 километри.

Полска претходно купила АГМ-158А ЈАССМ и АГМ-158Б ЈАССМ-ЕР проектили и изразила интерес за поновата верзија со дострел од 1.600 до 1.900 километри.

Второто одобрување се однесува на продажба на 745 ракети воздух-воздух АИМ-120Ц-8 АМРААМ со среден дострел заедно со лансери, тренажни ракети, транспортни контејнери и резервни делови, со вкупна вредност од 1,69 милијарди долари.

Освен тоа, Полска доби одобрување да купи 232 АИМ-9Х тактикал сајдвајндер блок 2 ракети со краток дострел и дополнителна опрема, вклучувајќи и термографска камера за гаѓање надвор од видливиот дострел, а вкупната цена е над 219 милиони долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ