Дрогата била завиткана во пластика обоена во две нијанси на зелена боја за да личи на овошјето и била ставена меѓу вистински лубеници.
Запленети се повеќе од два тони метамфетамин во вкупно 1.220 пакувања.
Smugglers disguised $5 million worth of methamphetamine as watermelons and tried to truck them across the border from Mexico, US border agents say https://t.co/DiWfpL99OP pic.twitter.com/YPfFUYtGtN
— AFP News Agency (@AFP) August 22, 2024
Криењето на дрогата меѓу храната, како што пишува Би-би-си, е вообичаен начин за шверц на нелегални супстанци преку границите, а најпопуларни се бананите, но неодамна наркотици се најдени во сирење и авокадо.
Претставници на американската царина и гранична заштита изјавија дека нивните агенти го запреле камионот со приколка на границата со Мексико во Отај Меса.
Според документите возачот превезувал пратка со лубеници, но при увидот биле откриени пакувања со метамфетамин.
Возачот е предаден на службеници од Министерството за внатрешна безбедност.
Оваа заплена се случи една недела откако службениците на истиот граничен пункт открија речиси 300 килограми метадон во пратка на целер.
Двете заплени биле во вкупна вредност од 6 милиони долари, пишува Си-би-ес њуз.