вторник, 22 октомври 2024

Американците го запленија авионот на Мадуро поради „кршење на санкциите“ (ВИДЕО)

Соединетите Американски Држави го запленија авионот на претседателот на Венецуела Николас Мадуро откако било утврдено дека со купувањето на конкретниот авион, наводно, биле прекршени американските санкции, пренесува Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесува американската телевизија, авионот е запленет во Доминиканската Република, а двајца неименувани американски функционери кажале дека тој денес бил префрлен на Флорида.

Заплената на авионот претставува ескалација во прилично ладните односи на Венецуела и САД, кои го оспоруваат резултатот на неодамнешните избори во Венецуела на кои Мадуро освои нов мандат.

Министерството за правда на САД во март 2020 ги обвини Мадуро и 14 други сегашни и поранешни венецуелски функционери за „нарко-тероризам, трговија со дрога и корупција“, наведува Си-ен-ен.

„Заплена на авион на шеф на странска држава досега не е видена во кривичните прашања. Тука праќаме јасна порака дека никој не е над законот, никој не е надвор од досегот на американските санкции“, кажал неименуван функционер за Си-ен-ен.

Авионот, чија вредност се проценува на околу 13 милиони долари, се наоѓал во Доминиканска Република во последните месеци. Венецуела ги суспендираше комерцијалните летови од и кон Доминиканска Република по неодамнешните избори.

Еден од неименуваните соговорници на Си-ен-ен кажал дека американските власти „тесно соработувале со Доминиканска Република“ при заплената, и дека Санто Доминго го известил Каракас за развојот на настаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ