сабота, 27 јули 2024

Американците го предупредуваат Израел дека офанзивата на Рафа би била „голема грешка“

Соединетите Држави процениле дека Израел распоредил војници „доволно за да започне целосна офанзива“ во близина на Рафа, најјужниот град во Појасот Газа, но високи американски претставници не се сигурни дали одлуката за тоа е донесена, рекле за Си-ен-ен двајца функционери на американската администрација.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Белата куќа верува дека израелската копнена офанзива во Рафа би била голема грешка и забрзано работи на воспоставување прекин на огнот, изјави во понеделникот американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

Во извештајот на Си-ен-ен се наведува дека администрацијата на Џозеф Бајден не е сигурна дали Израел донел одлука да ја нападне Рафа, по минатонеделното предупредување на американскиот претседател дека таквиот потег ќе ги поттикне САД да му ги запрат понатамошните испораки на оружје.

Израел нареди евакуација на жителите од некои делови на градот, кој израелската армија го означува како последно големо упориште на Хамас во Газа.

Се проценува дека повеќе од 350.000 луѓе ја напуштиле Рафа, но и дека стотици илјади останале во тој град.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ