четврток, 24 октомври 2024

Американ ерлајнс ги откажа сите летови за Израел до април 2025 година

Американ ерлајнс ги откажа летовите до и од Израел до април 2025 година, објавија во неделата израелските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Овој потег доаѓа во време на зголемени регионални тензии поради израелските напади врз Појасот Газа, во кои од 7 октомври минатата година загинаа речиси 40.100 луѓе, а беа ранети 92.600.

Израелскиот јавен сервис КАН објави дека Американ ерлајнс ја продолжи суспензијата на летовите до аеродромот Бен Гурион во Тел Авив до април следната година.

Авиокомпанијата не соопшти никакви конкретни детали за долгорочното суспендирање на летовите.

Неколку големи меѓународни авиопревозници, вклучувајќи ги Јунајтед ерлајнс и Делта ерлајнс, ги прекинаа летовите кон Израел.

Од 7 август, 20 странски авиокомпании ги прекинаа летовите до и од Израел, објави КАН.

Израел е во висока воена готовност за потенцијален одмазднички напад од Иран по минатомесечниот атентат на политичкиот шеф на Хамас Исмаил Хание во иранскиот главен град Техеран.

Додека Иран и Хамас го обвинија Израел за убиство на Хание, Тел Авив ниту ја потврди ниту ја отфрли одговорноста.

Либанската група Хезболах, исто така, вети одмазда против Израел по убиството на нејзиниот командант Фуад Шукр во воздушен напад во Бејрут на 30 јули.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ