Соединетите Американски Држави со најновата одлука воведоа некои од најстрогите санкции против руската нафтена индустрија до сега.
Санкциите се наметнати против 180 бродови, десетици трговци, две големи нафтени компании и некои раководители во рускиот нафтен сектор. Конкретните одлуки ѝ се испратени и на српската влада.
Српскиот претседател Александар Вучиќ минатата недела најави дека Американците наскоро ќе воведат директни санкции против НИС. На седница на владата на Србија Вучиќ кажа дека тоа ги доведува во тешка позиција. „Ни следат проблеми и со Рафинеријата, и со Петрохемија, и други наши гиганти, суштински со опстанокот на економијата“, кажа Вучиќ.
Тој истакна дека се наметнува прашањето зошто Соединетите Американски Држави сега ги воведуваат санкциите и дека тие ќе кажат дека тие се насочени против Русите и финансирањето на нивните воени напори, но дека тоа не е вистина. „Дали се тоа обиди за дестабилизација на нашата земја, нема никого да обвинувам, но тоа секако ја доведува нашата земја во тешка позиција“, кажа Вучиќ.