петок, 26 јули 2024

Америка: Уништивме противвоздушен систем на Хутите, имаше подготвени ракети за лансирање

Американската војска вчера објави дека уништила систем за противвоздушна одбрана и дрон на јеменските Хути во Црвеното Море.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Централната команда на американската војска на мрежата Икс соопшти дека уништила противвоздушен систем со две ракети подготвени за лансирање, контролна станица и систем за дрон.

Хутите во неделата објавија дека лансирале ракети и беспилотни летала врз британски, американски и израелски бродови, што е последниот во серијата напади врз трговски бродови во Црвеното Море, извршени поради израелската офанзива на Појасот Газа.

Американската команда во неделата соопшти дека противбродска балистичка ракета е лансирана од територијата кон Аденскиот залив, но дека нема штета или повредени.

Нападите на јеменската група го нарушија светскиот трговски сообраќај преку Суецкиот канал, принудувајќи ги компаниите да се одлучат за побезбедна, но многу подолга рута околу Африка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ