сабота, 27 јули 2024

Америка се подготвува да ѝ го испрати на Украина најмоќното оружје досега

Објавено на

часот

Сподели

Според Си-ен-ен, САД се наклонети кон испраќање на овие системи како дел од поголем пакет воена и безбедносна помош за Украина. Конечната одлука би можела да биде објавена следната недела.

Имено, највисоките украински функционери, вклучително и претседателот Володимир Зеленски, во последните недели бараа од Соединетите Држави и нивните сојузници да испратат повеќецевни ракетни фрлачи (МЛРС) во Украина. Ваквите американски системи можат да истрелаат серија ракети со дострел од повеќе стотици километри, што е значително повеќе од кое било оружје со кое Украина моментално располага. Имено, Украинците тврдат дека ова оружје може да донесе предност во борбата против руските окупатори.

Друго оружје што Украина го бара е химарс (High Mobility Artillery Rocket System висока), високо мобилен систем кој може да истрела серија проектили што се користат и кај повеќецевни ракетни фрлачи.

Во последните недели Русија ги насочи сите свои напори на источниот регион Донбас. Украинците таму се соочија со руската супериорност во луѓе и оружје.

Администрацијата на Бајден досега не сакаше да испрати такво оружје поради стравувањата дека Украинците би можеле да ги користат тие системи за офанзивни напади на руска територија, изјавија американски официјални лица за Си-ен-ен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ