понеделник, 21 октомври 2024

Америка сака да ја „превоспита“ Русија

Објавено на

часот

Сподели

Западните санкции на руската нафта стапија на сила на 5 декември 2022 година. Меѓународната агенција за енергија прогнозираше дека нејзиниот извоз на нафта и гас би можел да падне „најмалку 40-50 отсто до 2030 година“ ако се одржат западните санкции на руската енергетска индустрија, пишува Фајненшал тајмс.

„Тоа е нешто на што ќе мораме да се придржуваме во годините кои доаѓаат сè додека трае украинскиот конфликт. Ќе направиме сè што можеме тоа да се оствари. Целта на овие санкции е да се промени однесувањето, да се превоспита Русија“, кажа Пајат.

Придржувањето до санкции против Русија има големи геополитички импликации во смисла на способноста на Русија да ја користи својата енергија како стратегиски имот, забележа Пајат.

Во декември 2022 година Европската Унија главно престана да прима руска нафта испорачана по море, додека земјите од Г7, Австралија и други воведоа ограничена цена за неа, поставувајќи горна граница од 6 долари по барел. Забранета е испорака или осигурување на поскапа нафта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ