сабота, 27 јули 2024

Америка го предупреди Нетанјаху: Израел не може да победи во војната со Хезболах

Војната меѓу Израел и Либан би го надминала крвопролевањето од израелско-либанската војна во 2006 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тајната проценка на Одбранбената разузнавачка агенција (ДИА) во Вашингтон покажала дека на израелските сили ќе им биде „тешко да успеат“ во војната на два фронта против Хамас во Газа и Хезболах во Либан, објави во неделата Вашингтон пост.

Додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе направи „фундаментална промена“ во безбедносната ситуација долж либанската граница, американските власти приватно го предупредиле да не отвора втор фронт, пишува Вашингтон пост.

„Кога тоа би се случило, новата процена на Одбранбената разузнавачка агенција (ДИА) покажа дека би било тешко Израелските одбранбени сили (ИДФ) да успеат бидејќи нивните воени средства и ресурси ќе бидат растегнати со оглед на конфликтот во Газа“, повикувајќи се на двајца анонимни службеници и доверлив извештај на ДИА.

Војската на Израел е релативно мала во мирно време, а со резервистите ги зголемува своите редови во време на конфликт. ИДФ повика околу 360.000 резервисти кога почна војната со Хамас, иако висок израелски функционер изјави за Ројтерс минатата недела дека одреден број наскоро ќе бидат ослободени од должност.

Неколку американски функционери рекле за Вашингтон пост дека стравуваат дека Нетанјаху може да го нападне Хезболах за да ја спаси својата политичка кариера. Израелскиот лидер се соочи со протести пред почетокот на војната, а подоцна беше критикуван за неуспехот да го спречи нападот на Хамас на 7 октомври, во кој загинаа околу 1.200 Израелци.

„Конфликтот од целосен размер меѓу Израел и Либан ќе го надмине крвопролевањето на израелско-либанската војна во 2006 година поради огромниот арсенал на Хезболах на оружје со долг дострел и прецизност“, пишува весникот, цитирајќи официјални лица, кои предупредиле и дека милитантната група може да изврши ракетни напади врз израелските петрохемиски постројки и нуклеарни реактори.

Вашингтон, исто така, стравува дека таквиот конфликт може да го вовлече Иран – главниот поддржувач на Хезболах – и на крај САД, велат изворите на весникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ